По најавата на ДУИ дека по повод годишнината од Охридскиот договор подготвува паралелна прослава, реагираше министерот за здравство Арбен Таравари.



„ДУИ некако има претензии да приватизира некои настани. Не можат да признаат дека се опозиција, но им треба време и ќе научат. Секој може да организира приватни забави“.

Ги поканивме на утрешната прослава што ќе ја организира Владата на Република Македонија, добредојдени се и нека продолжат сами да се организираат“, рече Таравари и додаде дека историските настани никогаш не треба да бидат приватна сопственост.