Министерот за здравство Арбен Таравари го коментира однесувањето на опозициската ДУИ.
„Партијата што е најдолго на власт во историјата на оваа држава, ДУИ, оди кон тотална дискредитација. Ова секако не се лесни денови за никој од нас, бидејќи на крајот на краиштата во таа партија има многу добри луѓе кои искрено ѝ верувале. Денес тие се чувствуваат напуштени и предадени од нивните лидери.
Уверувам дека тие што направиле криминал мора и ќе бидат казнети, но оние кои се невини мора да се третираат со почит и достоинство, затоа што партиската омраза мора еднаш засекогаш да се елиминира од нашиот политички менталитет“, напиша на Фејсбук еден од лидерите на владејачката коалиција „Вреди“.





