„Бегалецот вели дека се направил со одобрение на ‘шефот’. Дојде време и‘шефот’ да одговара пред правдата!“ – објави преку својот фејсбук-профил Арбен Таравари, министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата Вреди – членка на Владата на Република Македонија. Овој „абер“ Таравари му го прати на „шефот“ Ахмети, лидерот на ДУИ, вчера, истиот ден кога „шефот“ на интегративците, во обид да се спаси себеси и својата партија од криминалистичките истраги во врска со сомневањата за сторени низа кривични дела, на собирот во Тетово посегна по агресивната воинствена реторика во стилот „Без Албанци нема Македонија!“ и „Македонци, не гибајте ги јазикот и знамето, зашто ќе се кренат и хероите од гробовите!“





