„Јас дефинитивно немам одлука дека ќе бидам министер за здравство.Меѓутоа следните два-три дена, се надевам дека ќе донесам конечна одлука и во органите на партијата, меѓутоа пред се треба со себе да расчистам дали би одлучил дефинитивно да го земам тој ресор“.
Ова го изјави лидерот на АА Арбен Таравари во синоќешното гостување во „Само вистина“ на Канал 5.
На прашање дали предлогот да седне пак на министерското столче во Здаравство било предлог на неговите сопартијци, Таравари рече „искрено тоа повеќе тоа беше барање од мандатарот“, Христијан Мицкоски.
Во меѓувреме, медиуми од нивни извори дознаваат дека веќе се знаат имињата на потенцијалните идни министри во владата од коалицијата ВРЕДИ: Изет Меџити, Адмирим Алити, Бујаре Абази, Арбен Таравари, Фатмир Лимани, Бесар Дурмиши…






