Таравари: Дајте ни една година да се случат уставните измени

„Ние инсистираме постојано да се случат уставните измени колку е можно побргу. Но, дајте ни една година за тоа.“ – изјави Арбен Таравари, министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, од коалицијата Вреди, во емисијата „Дневен клик“ на ТВ 21.

Телевизијата ги објави покарактеристичните нагласки од искажувањата на Таравари: Тој проговори и за уставните измени, кои се пречка на патот на Македонија кон ЕУ. Како што вели, договорот меѓу Вреди и ВМРО-ДПМНЕ имал четири точки.

„Договорот меѓу Вреди и ВМРО-ДПМНЕ има четири точки. Првата и најважна е европскиот пат и почеток на преговорите, втората е борбата против криминалот и корупцијата, третата е економскиот развој, а четвртата е децентрализацијата.“ – вели Таравари.

Запрашан дали треба да се реализираат овие точки во рок од четири години, Таравари одговори дека имале еден услов кон ВМРО што треба да се направи. Во однос на дадениот рок од шест месеци за уставни измени, Таравари побара да им се даде една година:



Таравари: Дали уставните измени биле ветени и претходно? 2014, 2016, 2017, 2020 година?
Водител: Да.

Таравари: Па дајте ни една година, ним им дадовте десет години.
Водител: Ќе ви дадеме и две години, но вие самите рековте шест месеци.
Таравари: Не, нашето инсистирање е постојано дека уставните измени треба да се случат колку е можно побрзо.

Целата емисија „Дневен клик“ со разговорот со Арбен Таравари телевизијата ќе ја објави денес, на 28 јануари 2025 годна во 11 часот.