„Многу сум среќен, бидејќи премиерот Христијан Мицкоски е ориентиран кон Европската Унија. Ќе ги отвориме преговорите со ЕУ!“ – изјави претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во интервју за весникот на албански јазик „Лајм“.
„Лајм“ ги објавува нагласките од интервјуто со Таравари: Тој е убеден дека процесот за уставните измени ќе почне до декември и се обврзува дека сегашната влада ќе ги започне преговорите со ЕУ.
„Јас сум голем оптимист дека ќе се случат уставните измени. За среќа Албанија ги започна преговорите и ние ѝ честитавме. Но, за жал Македонија не ги почна преговорите и се одвоивме од Албанија. До средината на декември годинава има време Македонија да ја помине оваа фаза на уставни измени. Ви гарантирам дека ќе ги почневме преговорите, ако имаше во Бугарија стабилна Влада, која ќе дадеше гаранции дека ова ќе биде последното условување. Но во Бугарија има техничка влада. Верувам дека до крајот на овој месец тука ќе имаме високи претставници на ЕУ. Изборите во Америка се во ноември и верувам дека кој и да биде избран како претседател на САД ќе има некаков поттик за Владата на Македонија за уставните измени.“ – нагласи Таравари.
„Јас сум многу среќен, бидејќи премиерот на Македонија е човек кој е јасно ориентиран, дефинитивно е ориентиран кон ЕУ и сака тоа да се случи за Р*М час поскоро. Таму сме и ние како коалиција Вреди да го поттикнеме, верувам дека ќе го поттикне и меѓународниот чинител, фактор, кој ѝ сака добро на Р*М. Верувам дека Владата на Р*М до крајот на годината ќе започне со промените на уставот. Јас сум голем оптимист дека ќе ги започнеме преговорите. Од овде денеска велам: стопроцентно е дека оваа влада ќе ги почне и ќе ги развива преговорите со ЕУ.“ – изјави лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.





