Таравари ги објави носителите на листи на коалицијата Вреди

Кандидатот за претседател на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари ги откри имињата на носителите на листите за пратеници кои ќе дојдат од оваа коалиција, пренесе ТВ21.



Како што најави Таравари, носители на листите во областите ќе бидат сите лидери на политичките партии, Движење Беса, Алтернатива и Демократско движење. Во областа 1 ќе биде Изет Меџити, во областа 2 Африм Гаши, додека Биљал Касами ќе ја предводи листата во областа 6. Во областа пет се спроведуваат анкети за тоа кој ќе ја води листата, но оваа област, како што рече Таравари, ќе припадне на Алијанса за Албанците.

-Носител во зона 1 е Изет Меџити, носител во зона 2 е Африм Гаши, носител во зона 6 е Биљал Касами. Во областа 5 правиме анкета, ќе биде од Алијанса за Албанците, верувам дека за 3-4 дена ќе ве информираме“, рече Таравари.

Таравари вели дека ВРЕДИ нема проблем со правењето списоци, за разлика од власта за која вели дека атмосферата кај нив е поинаква.

-Нема атмосфера како во владејачките партии, знаете, се согласуваат, не се согласуваат, коалицираат, не коалицираат. Ние одлучивме. Независно од имињата одиме напред. На 24 април победуваме, и повторно на 8 мај.