„ДУИ и албанската опозициска коалиција ‘Вреди’ имаат заеднички џентлменски договор дека нема да влезат во Влада, која нема да направи уставни промени.“ – изјави претседателскиот кандидат Арбен Таравари синоќа во „Претседателската дебата“ на ТВ 21.
ТВ 21 ја цитира изјавата на Таравари, дадена во овој контекст: „Сигурно Ахмети ви кажал дека ние имаме џентлменски договор: ‘Вреди’ и ДУИ, било кој да победи од нас, не влегуваме во влада, која не ги спроведува уставните измени.“





