Таравари во болница – вчера колабирал, денеска е добар

Откако вчера ненадејно колабирал, министерот за здравство,Арбен Таравари, на својот профил на „Фејсбук“ објави дека бил итно пренесен во болница, но дека сега се чувствува добро..



Вчера кружеше вест дека сум доживеал срцев удар. Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница, објаснува министерот.

Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци.

Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите.

Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас.

Ви благодарам од се срце!, , напиша Таравари на својот профил на „Фејсбук“.