Ова го изјави министерот за здравство за Гласот на Америка.
„Минимум 1.000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година“, вели министерот за здравство Арбен Таравари.
Тој нагласува дека за надминување на оваа состојба било донесенo и владино решение за вработување на 600 приватни специјализанти – 300 од нив дo крајот на оваа година, и уште триста наредната година.
Таравари очекува до крајот на годината да се реши статусот и на уште 1.200 други здравствени работници, од кои некои и по 10 години години работат со договор на дело. Со тоа вели дека ќе се направи голема работа за здравствениот систем.
На годишно ниво, според лекарската фела си заминуваат околу 250 лекари, но и друг медицински персонал, јавува Гласот на Америка.
Запрашан дали со мерките кои ги најавуваат ќе спречи понатамошен одлив на медицински кадар, Таравари вели дека има уште многу работа.
„Да речам дека 100 отсто ќе спречиме е невозможно. Мора да изнајдеме начин со кој што ќе ги задржиме нашите професионалци, зборувам за здравство. Еден од начините е со премиерот и со синдикатите во здравството разговараме, е да изнајдеме решение кое би било одржливо, и задоволувачки за нив, за да останат во државата поголемиот дел од нив“, посочува Таравари.






