Таравари: Ако нема реформи, промени и напредок на државата, не би бил дел од Владата, која ќе почне преговори со ЕУ

„Никогаш не би бил дел од Владата, ако не гледам реформи, промени и напредок на државата.“ – изјави Арбен Таравари. Ова го објави ТВ 21.



ТВ 21 пишува: Денес Таравари, кој е дел од коалицијата Вреди, што преговара со ВМРО-ДПМНЕ за составување нова Влада, посочи дека дека е сигурен оти оваа Влада ќе ги почне преговорите со Европската Унија. На прашањето дали ќе биде нов министер за здравство тој одговори „најверојатно да“.

Никогаш не би бил дел од Владата, ако не гледам реформи, промени и напредок на државата. Бидете сигурни во тоа. Се радувам дека во Македонија се случува целосна промена на власта по 22 години. Во 2002 година дојдоа ДУИ и СДСМ на власт, а отидоа во опозиција ДПА и ВМРО. Сега по 22 години повторно двете партии од власта одат во опозиција, што навистина остава простор за вистински реформи и напредок на државата.– нагласи Арбен Таравари.

Сигурен сум дека оваа Влада ќе ги започне преговорите со ЕУ.“ – одговори Таравари на новинарско прашање дали безусловно влегле во Владата, по настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското движење во * Македонија во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Тој истакна дека главните точки на владината програма се координирани и смета дека за три до четири дена ќе има конечен договор, но како што рече, тоа треба да го објави идниот премиер.