„ВРЕДИ е гаранција во Владата дека под секој услов ќе инсистира преговорите со Европската унија да почнат што поскоро и да се направат уставните измени, тоа е услов“, изјави Арбен Таравари од коалицијата на опозициските партии на етничките Албанци, синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.



Тој вели дека ќе инсистира дека ВРЕДИ (која започна разговори со победничката ВМРО-ДПМНЕ за состав на идна влада) да почнат преговорите со ЕУ и да се направат уставните измени.

Таравари рече дека во случај да не се донесат уставни измени во период од 6 месеци – ќе размислат за своето учество во Владата.

Тој  изрази уверувањепостои реална можност Македонија, како дел од пакетот да стане членка на Европската унија, и тоа да се случи во 2028 година.

„Некои велат дека во 2030 година, мислам дека до крајот на мандатот е веројатно некои држави, четири држави од Западен Балкан да станат полноправни членки на Европската унија. Не кажувам со сигурност, но велам дека постои реална можност“, рече Таравари на ТВ21.