Танзично до тепачка во албанскиот парламент (ВИДЕО)

Тензична ситуација во албанскиот Законодавен дом, фрлање предмети кон претседателката и кон местото каде што седат министрите, блокирање на говорницата, за што мораше да интервенира обезбедувањето.



Опозициските пратеници, меѓу нив и лидерот на демократите, Сали Бериша, претходно во своите обраќања, преполни со обвинувања на адреса на владата, за веќе уапсениот градоначалник на Тирана Ерион Велиај, побараа на седницата да присуствува премиерот Еди Рама, пренесува Плусинфо.

Тензиите започнаа откако претседателката му даде збор на министерот за односи со Парламентот, Таулант Бала. Прв кон говорницата се упати демократот Фламур Нока, а потоа и останатите пратеници на ДП се пробија низ обезбедувањето и го извлекоа микрофонот.

Нока со шише се обиде да го удри министерот за внатрешни работи, Таулант Бала, додека тој говореше….

ТВ 21 објави видео од вжештената ситуација во албанскиот парламент.