Спикерот на парламентот Талат Џафери против одлуката за притвор на кривичниот суд за обвинетите за настаните од 27 април.
Пратениците имаа осум месеци да избегаат, зошто сега притвор, прашува Џафери.
Ако целта на мерката лишување од слобода, односно притворање, е со намера да се попречи можноста некој да избега или да влијае на сведоци, зошто тоа се прави осум месеци потоа, а никој од нив ниту избегал ни пак го повторил делото, изјави вчера за ТВ Телма Талат Џафер.
-Според законот, мерка притвор се изрекува за да се обезбеди лицето да може да даде изјава пред судот и да не влијае на сведоците, да не може да го повтори делото и да не избега од правдата. Ако и после осум месеци ниту една од овие околности не настапила, во што е смислата на мерката притвор за тие лица. Знам дека е тоа работа на судската власт, но дилемата е во процедурите апропо случувањата. Не знам дали процедурите беа прекршувани, но тоа е моја дилема, изјави Џафери.





