Од Собранието синоќа соопштија дека техничкиот премиер Талат Џафери веќе не е на функцијата.
„На конститутивната седница на Собранието на Република С. Македонија, одржана на 28 мај 2024 година, уредно беа верификувани мандатите на новоизбраните пратеници во eдинаесеттиот состав на Собранието.
Притоа Собранието констатираше дека: „на претседателот на Владата и на одреден дел на членовите на Владата со верификацијата на мандатот за пратеник, согласно член 8 став 1 од Изборниот законик им престануваат функциите во Владата.
Заради обезбедување континуитет во работата на Владата, Владата ќе ги врши само најнеопходните функции до изборот на нова влада.
На овој начин се обезбедува стабилноста и уредната транзиција на власта, обезбедувајќи продолжување на виталните функции на владеењето без било каков престанок“, велат од Собрание.






