Таканаречен маж се обидел да силува Скопјанка во населбата Кисела Вода но во обидот го спречиле вистински мажи, открива инфлуенсерката Ина Многуфина.
Мажот денеска добил 30 дена притвор.
За разлика од многу други случаи каде граѓаните не сакаатд да се мешаат сега жената била спасена од други мажи кои што го спречиле силувачот.
,,Некој таканаречен маж сакал да силува жена во Кисела Вода. Ја зграпчил со двете раце и ја влечел за да ја одвлечка во споредна улица. Жената викала за помош.
За разлика од сите други што редовно ги гледаме по видеа кои не се мешаат, снимаат, вртат глава, глуви се и слични глупости овде се собрале неколку вистински мажи, го фатиле и му раскажувале колку е тоа лоша идеја во тоа маало, се додека дошла полицијата.
Денес доби притвор од 30 дена па натака ќе видиме. Ете, така се разговара со насилници и силувачи.
Не се врти глава, не се спуштаат ролетни и не е тоа туѓа работа. Браво за мажите кои ја спасиле жената.






