Дали утре ќе заврши „сапуницата“ околу именување на нов минитер за здравство, откако премиерот Зоран Заев вчера во емисијата „Ноќно студио“ рече дека предлогот на Алијансата за Албанците, да го задржи Министерството за здравство – бил неприфатлив.



Алијанста на Албанците, коалициониот партнер на СДСМ, го отфрла предлогот за министер за здравство да биде назначен Венко Филипче, и покрај инсистирањето на премиерот Заев дека станува збор за човек кој што ќе ги спроведе реформите во здравството.

Пред три дена, по долго најавуваната средба со премиерот Заев, лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села не прифати „размена“ – да го отстапи министерското место во  здравство за место вице-премиер во владата.

„Такво нешто нема да прифатиме. Му дадов предлог на премиерот да стокми уште една позиција за заменик премиер за носење бурек и после таа позиција ќе и ја дадам на ДУИ за да именуваат некој нивен министер. Ние остануваме на нашите ставови дека ќе го држиме Министерството за здравство и нема да правиме договори и наддоговори. Договорот за формирање Влада е направен кога се направи Владата изјави Села.

Тој уште еднаш потврди дека кандидат на Алијансата на Албанците за министер за здравство е Вулнет Ферати.

И досегашниот министер за здравство, Арбен Таравари на Фејсбук прокомрнтира за „кадровските решенија“ на Заев.

„Заев кажа дека Минситерството за здравство е дадено на Алијансата поради мене како личност. Кога го слушнав ова првпат, ми дојде многу жал за него(…) Кој ве натера да го свртите кавалот господине Заев?“, праша екс-министерот и сегашен градоначалник на Гостивар, Таравари.

Агенцијата МИА пренесе дека денес се одржува Централно Собрание на Алијансата за Албанците д во Гостивар ќе одржи редовен состанок на кој ќе се разгледаат состојбите во партијата и ќе се направат подготовките за партискиот конгрес.

Партиски извори за Агенцијата брифираа дека меѓу темите ќе биде и одлуката дали Алијансата за Албанците ќе остане во владината коалиција.