Казна од 600 евра и 300 евра во денарска противвредност, беше изречена на месарниоца во Скопје поради пласирање на пазарот на небезбнедна храна, односно храна без и со нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања од инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ)
Познат скопски супер маркет казнет е со 1.000 евра за правното и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице поради продажба на небезбедна храна – храна без и со нечитки декларации, невршење на задолжителни лабораториски тестирања. Истиот оператор дополнително е казнет со иста казна ( 1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице ) бидејќи продавал и производи и материјали кои доаѓаат во конткат со храната без за тоа да има добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во координирана акција со Државниот пазаерен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, вчера АХВ спроведе вонреден инспекциски надзор и во Битола.
Поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во овој град изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за
отстранување на утврдени недоследности.






