Професорот Ризван Сулејмани кажа дека „албанскиот сон е заменет со европскиот сон“, додавајќи дека е „оставено Албанците да се обединат во Европа“. Оваа изјава на Ризван Сулејмани во емисијата „Дејли Клик“ ја пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Агенцијата ја цитира изјавата, што ја даде Сулејмани во овој контекст: „Идејата ‘Албанците обединети во една обединета држава’ ја заменивме со ‘Албанците да се обединат во обединета Европа’. Но, главното прашање, што се поставува сега, е: А што ако не се обедини Европа? Кај ќе се обединат Албанците тогаш?„





