Судски совет свика итна седница на ССРМ, на која ќе го костатираат престанокот на функцијата на Дамева и ќе изберат нов претседател на Судскиот совет.
Седницата ќе се одржи денеска во 14 часот. На Дамева мандатот и истекуваше во среда, 5.12, но таа, два дена порано на прес конференција соопшти дека поднесува оставка поради притисоците и дискредитациите од власта.
На денешната прес-конференција таа изјави дека изминатиов период од страна на одредени политичари се правеле обиди да се наруши нејзиниот личен интегритет.
„Премиерот Христијан Мицкоски токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам, има некакви кланови и се фалсификуваат записници“, додаде Дамева.
„Во неколку наврати тој и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот совет. Сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или членови на Советот не си ја извршуваме функцијата професионално и стручно. Бевме посочени како тела што треба да бидат распуштени. Во телевизиско гостување истакна и дека на нашето место треба да дојдат нивни луѓе – претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владејачката политичка партија. Поразително е за една демократска држава“, истакна Дамева.
Одлуката, како





