Со пресудата по тужбата на тужителот Антоанета Димовска од Скопје Управниот суд укажува дека две важни македонски институции донесле одлуки кои се неуставни.
Одлуката за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија бр.08-2239/1 од 10.04.2023 година на Собрание на Република Македонија, која е донесена по предлог од Судскиот Совет а која сега е поништена образложува дека двете институции направиме тешки прекршувања на процедурите и уставот.
Иако во пресудата директно не се прозиваат, двајцата одговорни за оваа антиуставна ситуација се тогашните први луѓе на Собранието, Талат Џафери и претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева.
Анализата на образложението на пресудата на Управниот суд покажува дека Џафери и Дамева учествувале во носење на оспорената Одлука за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија бр.08-2239/1 од 10.04.2023 година на Собрание на Република Македонија, под став I, со која за судија на Уставниот суд на Република Македонија е избрана Елизабета Дуковска, судија на Апелационен суд Скопје.
Незадоволен од оспорената Одлука, тужителот Антоанета Димовска преку полномошник Павлина Зефиќ Јакимовска адвокат од Скопје, на ден 16.10.2023 година до Управниот суд поднесла тужба која е заведена под У-5.бр.1358/2023.
Во тужбата е наведено дека активната легитимација и правниот интерес за поднесување на тужбата ги црпи од директниот, личен и јавен интерес во обезбедување и заштита на уставно право од член 23 од Уставот на Република Македонија, кој предвидува право на секој граѓанин да учествува во вршењето на јавни функции, а ова право, согласно член 9 став 2 од Уставот предвидува дека граѓаните се еднакви пред Уставот и законите и треба да се остварува под еднакви услови и со Устав и Закон, јасно утврдени услови и процедура за утврдување на кандидат од страна на Судскиот совет за избор на Уставен судија од страна на Собранието на Република Македонија.
Поради наведеното, смета дека донесената одлука од страна на Собранието на Република Македонија за избор на Дуковска во Уставниот суд, е во целост спротивна на Устав и Закон.
Причината е избор на член кој е утврден како кандидат за уставен судија од страна на Судски совет во постапка во која се повредени уставните права на другите кандидати и прекршени се соодветни законски и деловнички одредби кои се однесуваат на постапката пред Судскиот совет.
Според документот на Управниот суд на 431 седница на Судскиот совет, видно од записникот било предвидено предлагање на судија на Уставен суд од редот на судиите, а како предлог за избор на уставен судија на Уставен суд на РСМ е утврдена Елизабета Дуковска, судија на Апелациониот суд Скопје, како една од трите предложени кандидати согласно член 30 од Деловникот, а останатите два предложени кандидати биле Татјана Сусулеска сидија на Апелациониот суд Битола и Антоанета Димовска сидија на Основен граѓански суд Скопје. На седницата не била утврдена оцена за секој од кандидатите, ниту пак била утврдена некаква ранг листа на кандидатите, а како потврда на ова тврдење е и фактот дека на ниту еден од членовите на Судскиот совет со право на глас, не му била доставена биографија и пропратни документи на трите предложени кандидати, туку членовите со нивните биографии се запознале единствено преку кусо излагање при предлагањето на кандидатите од страна на еден од членовите на Советот со подршка од уште три члена на Судскиот совет, на кој начин целосно се полагала верба во кажувањата на предлагачите на кандидатите без да се провери веродостојноста на податоците кои се при тоа изложени.
На ова околност тужителот наведува дека видно од Записникот од 431 седница на Судскиот совет на страна 15, Претседателот на Судскиот совет на РСМ истакнува дека имињата на предложените кандидати прв пат ги слуша како и нивните биографии во смисла на даден придонес од нивна страна во стручната пракса, додека пак членот на Советот Лорета Георгиева смета дека за кандидатура за ваква сериозна номинација за сериозна функција предлозите и биографиите на сите кандидати било потребно да бидат претходно доставени во материјали, а со цел сите членови да имааат увид во нив и да се запознааат со истите.
Според пресудата доколку претходно немало никаков пристап до биографиите на предложените кандидати или прв пат ги слушнале нивните имиња, тогаш не постои никаква основа или можност за претходно утврдување на оцена на нивните вкупни резултати во работата и придонесот за развојот на стручната и теоретска мисла и на правниот систем. Исто така, се наведува дека по предлагањето на кандидатите и кусото изложување на нивните биографии Судскиот совет пристапил кон утврдување на редоследот на гласање за кандидатите. Согласно член 98 став 2 од Закон за Судски совет на Република Македонија , предлогот за избор на судии на Уставниот суд од редот на судиите се утврдува со најмалку осум гласови од членовите со право на глас, на начин и по постапка определени со Деловникот за работа на Советот. Меѓутоа, во оваа одредба воопшто не се спомнува некакво рангирање како што тоа се прави во член 47 став 1 и 4 , член 48 став 1 од Законот за Судски совет и член 23 од Деловникот кои одредби се однесуваат за редовни судии. Меѓутоа за вакво рангирање Судскиот Совет има донесено посебен Правилник за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судија на повисок суд на 04.02.2020 година и истиот согласно неговиот предмет утврден во член 1 , не се применува при избор на судии во Уставниот суд. Покрај ова не се регулирани никакви критериуми за тоа што претставува придонес за развојот на стручната и теоретска мисла и на правниот систем и што остава широк простор за арбитрарност во нивно определување и евентуално утврдување на оцена, што во овој случај дури не беше ниту направено. Понатаму, наведе дека престседателот на Судскиот совет на седницата предложил да се гласа според редоследот на предлагање на кандидатите а што било прифатено од членовите на Советот. Воедно наведе дека видно од записникот при утврдувањето на редоследот на гласањето за кандидатите не била истакната ниту една одредба од Законот за судски совет или Деловникот бидејќи и не постои законска или деловничка основа за утврдување на ваков редослед на гласање. Имено, по утврдувањето на редоследот на гласање се пристапило кон гласање за првопредложениот кандидат Елизабета Дуковска, па од вкупно 13 гласови , 11 гласа биле ,,ЗА,, додека ,,Против,, гласале 2 члена на Судски совет, па со оглед дека бил исполнет законскиот услов да гласаат најмалку 8 члена со право на глас, претседателот на Судски совет констатирал дека е утврден предлогот за кандидат за избор на судија на Уставен суд на РСМ од редот на судиите, односно истиот не допуштил гласањето да продолжи за останатите двајца кандидати на кој начин се оневозможени еднакви можности за другите два кандидати да бидат утврдени како предлог за избор на уставен судија, а на која околност го приложува како доказ записникот од 431 седница на Судски совет.
Во пресудата се наведува дека на 106- тата седница на Собрание на 22.03.2023 година, членот на Судскиот Совет Зоран Герасимовски кој ја предложил Елизабета Дуковска, го претставил и образложил предлогот на Судскиот Совет пред пратениците, по што Собранието на 10.04.2023 година со 64 гласа ја избрал Елизабета Дуковска за судија на Уставен суд, иако согласно член 40 став 1алинеја 1 од Закон за судски совет прецизно е наведено дека Советот го претставува претседателот, а со член 8 дека единствено во негово отсуство заменикот на претседателот, но во конкретниот случај Судскиот Совет и предлогот за избор на уставен судија во Собранието е претставуван од страна на член кој согласно закон не може да го претставува целиот Совет.
Документот наведува дека спротивно на член 98 од Законот за судски совет пред гласањето и утврдувањето на предлогот за избор на уставен судија воопшто не била утврдена оцена за вкупното работење на кандидатите како судии и нивниот придонес за развојот на стручната и теоретска мисла и на правниот систем, со што клучниот предуслов за гласање и утврдување на предлогот не бил исполнет.
Дополнително според записникот на седница немало никаква расправа за оцените за соодветните кандидати, ниту истите биле утврдени на седницата иако тоа требало да претходи на гласањето и утврдувањето на предлогот, а некои членови на Советот, имињата на кандидатите за избор, за прв пат ги слушнале на седницата.
Со тоа начинот на кој бил утврден редоследот на гласањето за кандидатите бил арбитрарен и целосно спротивен на правилата на постапката бидејќи тие не регулираат ваков редослед на гласање и дека на Судскиот совет односно на членовите, им било познато дека нема правила за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судија на Уставен суд на РСМ, поради што не смеело да се ускрати можноста да се гласа за трите кандидати наместо само за првиот. Арбитрарно и спротивно на закон постапување на Судскиот совет при утврдување на редоследот на гласање и самото гласање како и пропуштање соодветно деловнички да се регулира постапката за утврдување на предлог на судија на Уставен суд, неминовно довеле до повреда на правата на тужителот бидејќи бил оневозможен да го оствари своето право на извршување на јавна функција под еднакви услови и постапка. Поради наведеното, а со оглед дека се повредени член 98 од Законот за судски совет и член 30 од Деловникот сторена е повреда на уставно загарантираните права на тужителот а воедно и член 23, а во врска со член 9 став 2 од Уставот, поради што предложи на Судот Одлуката за избор на судија на Уставен суд на Република Македонија на Собрание на Република Македонија со бр.08-2239/1 од 10.04.2023 година да ја поништи.
Оваа не е прв голем скандал на Судскиот совет откако во него членува моќната Весна Дамева инаку екс член на комисијата ,а правда на СДСМ.
Огромен удар за Судскиот совет и фамозната Весна Дамева






