Судскиот совет в петок избира нов претседател.
Изборот на нов претседател на Советот доаѓа на точно еден месец откако Весна Дамева на 2 декември поднесе оставка од оваа функција.
Претходно денеска, премиерот Христијан Мицкоски одговараше на новинарски прашања во врска со најавеното разрешување на членови на Судскиот совет, за што тој рече дека не би се согласил оти начинот на којшто треба да се побара одоговрност од членовите на Советот е противуставен и незаконски, како што тврдат одредени експерти.






