Се сеќавате на Јужноафриканскиот атлетичар без нозе, Оскар Писториус кој стана сензација кога трчаше со специјалните помагала и освои шест злата на параолимписките игри, а тргна да се натпреварува и со на нехендикепираните спортисти. Оскар подолго е во домашен затвор по убиството на својата девојка пред 4 години, а така ќе остане уште долго, долго откако обвинителството се жалеше за премалата казна од 6 години изречена првично. Писториус на новото судење доби 13 и пол години затвор, што и според обвинителите во Јужна Африка е соодветно на убиството на Рива Стенкамп во 2013 година.




