Судот за ОВК ќе го обвини братот на Харадинај, Хашим Тачи под истрага?

Над 60 припадници на поранешната ОВК ќе бидат обвинети од Специјалниот суд за воени злосторства, пишува приштинскиот портал Инсајдер, а пренесува РТС.



Меѓу нив е и братот на актуелниот косовки премиер Рамуш Харадинај, Даут.

Ова доаѓа по напнатите два дена откако претседателот на Косово и премиерот Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, наводно се обидоа во парламентот да го урнат законот со кој е формиран Специјалниот суд за направените злосторства на ОВК.

Б92 пишува дека косовскиот претседател Хашим Тачи и спикерот на парламентот, Кадри Вејсели биле под истрага од обвинителството на новиот Суд чие седиште е во Хаг.

Според приштински „Инсајдер“ Тачи бил под истрага како поранешен политички лидер на ОВК и претседател на привремената влада која беше формирана од а команданти на ОВК по доаѓањето на меѓународната мисија во Косово во 1999 година. Истрагата против Весели се води поради неговата одговорноста како поранешен шеф на разузнавачката служба на ОВК.

Списокот на лица кои би можеле да се најдат на обвинителната клупа се појави по петицијата со 15.000 потписи од ветерани на ОВК и драмата во парламентот на Косово, кога 43 пратеници се обидоа да го урнат Законот за формирање на специјалниот суд, што наиде на остри осуди од САД, Велика Британија Германија и ЕУ.