Федералниот судија Карл Николс донесе одлука со која ѝ овозможи на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да продолжи со планот за распуштање на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).
Со оваа одлука се отвора пат за повлекување на неколку илјади вработени во УСАИД од САД и од странство.
Николс одби да го прифати барањето тие привремено да останат на функција, што значи дека започнува 30-дневен рок за нивно враќање дома на трошок на американската влада, пренесе Гардијан
Распуштањето на УСАИД е дел од пошироката реформа на јавниот сектор што ја спроведува мултимилијардерот Илон Маск, по налог на претседателот Трамп. Двајцата тврдат дека затворањето на агенцијата ќе заштеди милијарди долари од буџетот.






