Новинарот Љубомир Гајдов влезе во директен судар со екс амбасадорот Ристо Никовски на емисијата Топ Тема на Телма, на која тема е посетата на медијаторот Нимиц и можностите за решавање на спорот за името.
Во емисијата Гајдов го обвинува Никовски дека е некултурен човек кој треба да престане да раскажува басни дека Америка сака да ја уништи Македонија!
Гајдов кој за време на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ често пати ги фалеше дипломатските напори и чекори на македонската влада предводена од Никола Груевски и шефовите на дипломатијата Антонио Милошоски и Никола Попоски, сега зборува за низа грешки на екс „режимот“ како што го нарекува сега владеењето во последниве 11 години.
Според Никовски целта на сите дипломатски активности меѓу кои е и посетата на медијаторот Нимиц е да се натера Македонија да го промени името.
Познат како силен поддржувач на политиките на ВМРО – ДПМНЕ Никовски дипломатската иницијатива на новата влада и покрај студениот туш од Атина и Софија е позитивна и треба да продолжи.





