Апелацискиот суд денеска објави дека по вчерашната јавна расправа одлучил да им додели притвор на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, обвинети од СЈО во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.
Сите тројца кои што ќе треба да заминат во притвор во истражниот затвор Шутка затоа што постои опасност да избегаат, да го повторат делото или да влијаат на сведоци се вработени во МВР.
Според Апелација сите тројца можат да се спасат од притвор ако судот им ја прифати жалбата од оваа судска инстанца.
За останатите обвиниети меѓу кои и за екс шефот на УБК Сашо Мијалков се потврдуваат претходните решенија на Кривичниот суд со кои им беа одземени патните исрави.





