Судењето за двојното убиство каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо треба да продолжи в понеделник откако, Боре Видевски, еден од обвинетите за убиството и грабнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, од болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка.



„Притвореникот за кого покажувате интерес е вратен од болничко лекување во затворот ‘Скопје’ и е во добра здравствена состојба“, изјавил директорот на затворот „Скопје“, Бобан Утковски за „Скопје1“.

Видевски беше хоспитализиран на Клиниката за нефрологија поради проблеми со бубрезите.