За среќа нема жртви во сообраќајната несреќа што попладнево се случила на автопатото Тетово – Гостивар.
Во инцидентот се судриле возило Алфа Ромео со тетовски регистерски таблички и туристички автобус.

Кај автобусот последиците се незначителни а кај леката кола уништен е десниот преден дел од возилото кое настрадало додека возачот сакал да се престрои во десната лента по што удрило во автобусот.





