Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос изјави дека за поделениот Кипар, не може да има решение кое би подразбирало намален суверенитет, односно војници и гаранции од трети страни.
Кипар, кој никогаш не смееме да го заборавиме, бидејќи слободата мора да се врати на овој остров, не е само наше (прашање), тоа е и европско и меѓународно, и затоа бараме решение веднаш.
Но, тоа решение мора да биде во во согласност со меѓународното право и, се разбира, со европското право, бидејќи Кипар е полноправна членка на ЕУ и дел од еврозоната.
Какво било решение, како што беше предвидено во планот на Анан, со право беше одбиено, и би било спротивно на самите основи на европското право и, пред се, ќе создаде катастрофален преседан за самата Европа… што може да се повтори и во другите земји на ЕУ. Тоа ќе биде почеток на крајот на концептот на суверенитетот на ЕУ.
Ние не го браниме само Кипар, туку и Европа и нејзиниот суверенитет, рекол грчкиот претседател.
“Велиме и секогаш ќе кажеме недвосмислено „НЕ” на секој кој ќе се осмели да ги оспори нашите граници, нашиот територијален интегритет и нашиот национален суверенитет”, рече претседателот на Републиката Прокопис Павлопулос и истовремено испрати јасен сигнал до Турција , Македонија и Албанија за време на неговиот говор на вечерата приредена од командантот на Третиот армиски корпус, генерал-полковник Димитриос Бикос, во Офицеркиот клуб во Солун по повод одбележувањето на годишнината од историското „Охи“ од 28 октомври 1940 година кога Грција се спротивстави на нацизмот.





