Студентите на универзитетите во Оксфорд и Кембриџ поставија шатори во универзитетските кампуси, во знак на протест против војната во Газа, пренесе агенцијата ДПА.
Во заедничката изјава, иницијаторите на протестите во Оксфорд и Кембриџ рекоа дека не можат да го прифатат „соучесништвото на нивните универзитети во израелските воени злосторства против палестинскиот народ“.
Демонстрантите бараат двата универзитета да ги откријат своите професионални и финансиски врски со Израел и да се оградат од организациите поврзани со Израел.
Протестни шатори и окупација на универзитети во знак на протест против војната во Газа се во САД, Канада, Мексико, Франција, Австралија, а на некои места полицијата интервенираше за да ги расчисти камповите.






