Струмичанец возел пијан низ Штип

Вчера во 19.45 часот на улица „Гоце Делчев “ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.П.(51) од Струмица.



Тој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ под дејство на алкохол, односно  му биле измерени 2,19 промили алкохол во крвта, соопштија од полицијата.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“