Струга со предност против Пјуник во Конференциската лига

Македонскиот фудбалски првак Струга го совлада Пјуник од Ерменија со 2:1 на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид во првиот натпревар од второто коло на квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.



Бесарт Ибраими ги доведе во водство стружани од пенал само по 8 минути игра, а од белата точка израмни Бразилецот Лукаш Вилјела во 23. минута.

Победничкиот погодок го постигна Стефан Спировски со еврогол во 73. минута.

Од 60. минута гостите играа со играч помалку по директниот црвен картон за Сергеј Вакуленко.

Возвратната средба е на 30 јули од 18 часот по локално време во Ереван.