Јавното сообраќајно претпријатие „Струмица Транспорт“ ќе купи 10 електрични автобуси за модернизирање на градскиот превоз, по склучениот договор за јавна набавка со увозникот „Аутомакедонија“ АД Скопје.
„Струмица Транспорт“ ќе ги набави автобусите преку лизинг на Шпаркасе банка. Возилата чинат 429,9 милиони денари или седум милиони евра со вклучен ДДВ.
Првите пет автобуси од марката „Isuzu Novociti Volt“, јапонски бренд чија фабрика се наоѓа во Турција се очекува да пристигнат годинава, а останатите најдоцна до средината на 2025 година.
Автобусите имаат капацитет од 21 седиште плус четири склопливи седишта плус 22 позиции за стоење. О
Со едно полнење автобусите ќе можат да извозат околу 350 км.
На брзи полначи со капацитет од 150 KW батеријата се полни за околу 2,5 часа, а на полнач од 22 KW, полнењето би траело 11 часа.
Вакви слични автобуси претходно набавија општинските власти во Тетово и во Куманово.






