Странци бараaт затворање на зоолошката во Битола, градот не ја дава

Меѓународна (кризна) група за заштита на правата на животните (OIPA) ја нотираше битолската Зоолошка градина како „нехумано место“ за животни.



Групата – која очигледно нема „поим“ и не знае дека „хумано“ всушност значи нечовечен однос кон животни кои се затвораат во кафез за да се негираат врските на сегашниот „хомо сапиенс“ со неговата природна средина на што укажа Дарвин – сега глуми дека е загрижена за ЗОО-паркот во Битола

„И каде ќе се шетаме со внуците“, вели за „Експрес.мк“ вознемирен граѓанин со иницијали В.Р. од Битола.

Јавна тајна е дека и во минатото, а и сега, токму од запад се одобруваат „сафари“ мисиите за задоволање на страстите на ловците по слонова коска, рогови од носорог, животински крзна, велат за „Екпрес.мк“ видно вознемирени битолчани по меѓународната најава за затворање на тамошната Зоолошка.

Меѓународната група,(International Organization for Animal Protecti)  открива дека ова било ужасно место основано на 1 мај 1950 година со помош на зоолошките градини од Скопје, Загреб, Белград и Суботица.

Во зоолошката градина се сместени неколку животински видови, локални и диви животни, а „лавот и тигрите, веројатно не се дрогирани, но тие изгледаат безживотни …“ известува OIPA врз основа на извештаи од – туристи.

И дека „сиромашките мечки оделе во круг секој ден, во таа смрдлива дупка. Каде нема ништо зелено, ништо забавно за нив да играат…стои во извештајот на OIPA според кој и „мајмуните кои живеат во мала пештера заедно со ништо да си играат…“

OIPA, која ја покрена петицијата ќе побара(ла) од македонската Влада да ја затвори Зоолошката градина и да преземе строга правна постапка против лицата одговорни за овие злоупотреби.

Битолчани, дознава „Експрес.мк“ , реагираат на обвинувањта од страна и не се среќни дека би можеле да стигнат на Суд за нехуман однос кон  животни и по седум децении да останат без Зоолошка градина.