„На Вардар ќе му дадеме голови колку што сакаме и лесно ќе се пласираме во следната фаза. Тоа го велам врз база на фудбалот, кој што моите фудбалери го прикажаа во дуелот со Трабзонспор. Ги надминавме сите потешкотии и ги научивме лекциите од поразот во првиот меч во Скопје. Тие грешки нема повторно да ни се случат. За нас ќе биде полесно доколку ги сведеме грешките на минимум“ , вели Ајкут Кочаман во пресрет на утрешниот дуел против македонскиот шампион.



Вардар го победи Фенербахче минатиот четврток со 2-0 и направи големо изненадување. Во меѓувреме црво жолтите се вадеа и се извадија против Трабзон за 2-2, но по Истанбул веќе се зборува дека столчето на на Кочаман се ништа и дека тој никако нема да ја „преживее“ евентуалната елиминација во Лига Европа.