ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски да покренат референдумска иницијатива за Законот за јазици и да ја достават до Собранието на Република Македонија, побара поранешниот лидер на „Достоинство“,  генералот Стојанче Ангелов во интервју во емисијата „Низ призма“.



Тој смета дека на тој начин граѓаните ќе имаат можност да кажат дали овој Закон за јазици е добар или лош бидејќи сега „во Македонија генерално постојат две гледишта за носењето на Законот за јазици“. Едното дека , начинот на кој е донесен е неуставен, а другиот дека може и вака да помине.

Ангелов вели дека Македонија нема да пропадне од овој закон, бидејќи издржала и полоши работи.