На Стево и на Таче им се случи народ. Им се случи казна за нивната неработа и за нивното молчење пред криминалите на Али Ахмети и Артан Груби, изјави носителката од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска на митингот во Тетово.



Стојановска истакна дека СДСМ и ДУИ 7 години наназад имаа слух само за себе и за своите, никогаш не го слушаа народот.

„ Народот ви порачува дека сте му дојдени преку глава. Дека не може да ве трпи. Дека излезе да ве казни. Дека уште повеќе ќе ве казни. Дека заслужувате бетер. Дека ќе ви наплати за сите украдени пари, за сите иселени деца, за сите измалтретирани пензионери, за сите нерасчистени криминали, за сите недолжни жртви заради вашата негрижа и неодговорност“, порача Стојаноска.

Таа потсети дека додека ВМРО-ДПМНЕ жестоко критикуваше и предупредуваше за криминалите на ДУИ, Ковачевски се задоволуваше со некое ситно процентче што ќе му го доделеше Артан Груби…

„На 8 ми мај народот доаѓа по своето. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Нема повеќе сила, ниту пара, која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ“, изјави Стојаноска.