„На последните парламентарни избори токму коалицијата Вреди, особено нејзните челници Арбен Таравари и Изет Меџити беа исклучителни гласни говорници против политиките на Али Ахмети. Но, ВМРО-ДПМНЕ е ја обезвласти ДУИ“ – нагласи Дафина Стојаноска, пратеничката во Собранието на Република Македонија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во Радио Лидер.
Стојаноска говореше за последните случувања во коалицијата „Вреди“, притоа истакнувајќи дека коалицијата „Вреди“ ја намалила моќта на ДУИ, но и оти токму ВМРО ДПМНЕ ја обезвласти ДУИ. „Со резултатот од последните парламентарни избори оалицијата Вреди ја намали моќта на ДУИ, но не ги победија, тоа е факт. ВМРО-ДПМНЕ ја обезвласти ДУИ. На последните избори ДУИ имаше поголем број на гласови, нивната коалиција на ‘Европски фронт’ не беше само на ДУИ, тука беа вклучени и други етнички заедници, за да може да ги добијат тие гласови и да обвинуваат дека ‘оваа Влада не била легитимна’. Но, морам да нагласам дека ВМРО-ДПМНЕ ја обезвласти ДУИ.“ – посочи Стојаноска во Радио Лидер.
Таа додаде: „Прашање е на нивните пресметки дали сакаат на следниве локални избори конечно навистина да ја пензионираат ДУИ од политичката сцена, или сакаат повторно да ѝ дадат некоја инфузија.“ – категорична е пратеничката Дафина Стојаноска.






