Мандатарот Христијан Мицкоски најави дека мора да има истраги за досегашните активности и криминал во енергетскиот сектор.
Мицкоски најави нов ветерен парк за производство на струја
Тој ги осуди минатите случаи на шпекулации, криминални злоупотреби и двојни цени на увоз на струја, нагласувајќи ја потребата од строги мерки.
Мицкоски вети дека ќе има приоритет на транспарентноста и одговорноста за да се заштитат ресурсите на земјата и да се промовира правичниот развој.
„Јас најавувам личен ангажман во оваа работа бидејќи запирањето на трендот на грабеж на земјата е од суштинско значење за развојот на земјата. Неопходно е да се разоткријат сите шпекулации и да се откријат минатите криминални дела. Историски гледано, енергетскиот сектор е зафатен од шпекулации, криминални злоупотреби и увоз по двојни цени. Ваквите практики нема да се толерираат во иднина,“ рече идниот премиер.






