Стопанската комора бара стабилност и висока одговорност

Стопанската комора бара стабилност и висока одговорност за моментот во кој што се наоѓаме, посочи денеска претседателот на комората, Бранко Азески.



Тој вели комората е подготвена во 2025 година да одговори на сите предизвици кои ќе ги имаат компаниите. Комората ќе се фокусира на неколку приритети во одржување на стабилноста.

– Под број еден тоа е борбата против корупцијата и сивата економија, под два продолжување многу сериозно на процесот на гасификација, под три зголемување на конкурентската способност на извозните компании во делот на зголемување на продуктивниста и иновативноста на производите, под четири активности кои што се врзани за барањата за промена на законските решенија кои што ќе овозможат подобра бизнис клима, а стојат со години, како што се Законот за извршување, Член 218, парафискалните давачки, регулаторната гилотина и друго , коишто мора да бидат симнати од дневен ред, како и зголемување на напорите за подобар социјален дијалог меѓу социјалните партнери – изјави Азески пред почетокот на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), асоцијација која ги обединува шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан.