Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој утре ќе допатува во дводневна осета на Мкедонија, ќе ги врати пратениците на најголемата опозициска партија во парламентот.
ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира работата на Собранието по апсењето на пратеници на оваа партија обвинети за настаните од 27 април, но се појавија на годинашното обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Владо Мисајловски, член на највисокото партиско раководство за ТВ Алфа денеска изјави дека многу е извесно дека и сега ќе биде направен исклучок и пратениците ќе се вратат во парламентот за да го слушнат обраќањето на првиот човек на Алијансата.
„Ние сме биле и остануваме со политиката ориентитени кон ЕУ и НАТО. Точно е дека ќе присуствуваме на обраќањето на генералниот секретар на НАТО. За понатаму, дали се враќаме или не во Собранието, ќе ве информираме навремено – изјави денеска Иво Котевски за „Фокус“.
Предвидено е Столтенберг, да се сретне и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Висок партиски функционер од ИК на ВМРО-ДПМНЕ и вчера за ТВ 24 брифирал дека „нема логика да се сретнеме со генералниот секретар, а да го бојкотираме неговото обраќање во законодавниот дом, сепак за официјална одлука ќе се слушне и мислењето на пратеничката група“.




