Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека „сојузот на авторитарни сили“ сè повеќе соработува во блок против западните демократии.



Во интервју за Би-Би-Си, тој рече дека Русија, Иран, Кина и Северна Кореја се повеќе ги здружуваат силите, давајќи си практична поддршка, а овој сојуз станува „се покохезивен“.

„Кина ја поддржува руската воена економија со снабдување со клучни производи за одбранбената индустрија, а за возврат Москва ја обложува својата иднина на Пекинг.

Русија испорачува технологија на Иран и Северна Кореја во замена за муниција и воена опрема.

Затоа, Столтенберг смета дека НАТО треба да соработува со други земји надвор од нејзината географска заедница, како Јапонија и Јужна Кореја, за „да се спротивстави на овој сојуз на авторитарни сили што стана посилен“.