На ова предупреди генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг говорејќи за Би-Би-Си.



Според ген-секот на НАТО,  „парадоксот“ на војната во Украина е во тоа – колку подолго западната воена алијанса се обврзува да ја води војната, толку побрзо ќе се дојде до решение“.

Германија планира да ја преполови воената помош за Украина

Столтенберг, кој го завршува својот 10-годишен мандат како генерален секретар во октомври, ги повика европските членки на НАТО да ги зајакнат своите обврски поради стравувањата дека американските фондови би можеле да бидат намалени или дури и стопирани доколку Доналд Трамп освои втор мандат како американски претседател на изборите во ноември.

Запрашан дали сојузниците на НАТО треба да бидат подготвени за конфликтот во Украина кој трае повеќе од 10 години, Столтенберг рече: „Да“.

Тој додаде: „Но, главната порака е дека колку е посилна поддршката за Украина и колку подолго сме подготвени да се посветиме, толку побрзо оваа војна може да заврши.

Парадоксот е што сега претседателот Путин верува дека може да чека. Затоа, војната продолжува.

Кога многу јасно кажуваме дека сме тука на долги патеки и имаме силна трајна поддршка за Украина, тогаш имаме услови за решение каде Украина ќе преовлада како суверена независна држава“, вели Столтенберг.

НАТО објави дека командната единица за координирање на поддршката за Украина ќе биде оперативна во Германија од септември.

„Ова ќе обезбеди поголема предвидливост, одговорност и поддршка, а исто така ќе ја покаже нашата трајна посветеност да ја поддржиме Украина“, рече Столтенберг.

„Времето да се залагаме за слобода и демократија е сега, а местото е Украина“, вели Столтенберг.