Македонскиот ланец на маркети Стокомак наскоро отвора маркети во пет градови во Србија. Се работи за маркети кои ќе работат во Ниш, Панчево, Параќин, Лесковац и Пирот.
Тоа е само прва фаза од експанзијата на овој пазар, бидејќи Стокомак е во завршна фаза за отворање на маркети и во други градови во Србија.
Првиот маркет би требало да се отвори кон крајот на март или на почетокот на април, а потоа во следните недеќи ќе се остворат и сите останати.
Стокомак е основан во 1997 година и има над 70 маркети низ Македонија.





