Стоилковиќ: Македонскиот народ не е подготвен да се откаже од името

Според пратеникот во македонско Собрание, Иван Стоилковиќ, планот за федерализација на Македонија е нереален, иако политичката елита во земјава дејствува спротивно на интересите на народот.



„Македонската политичка елита доби задача да го промени името на македонската држава и идентитетот на македонскиот народ. Едноставно, народот не е подготвен да го испорача тоа барање. Народот не е подготвен да го испорача постоењето на Република Македонија ако таа држава не се вика Македонија и ако во таа држава нема македонски народ“, изјави претседателот на Демократска партија на Србите во Македонија за „Спутник“.

Намерата Македонија да биде преименувана во Централнобалканска Република тој ја нарекува фантазија, иако, како што вели, ситуацијата во регионот секогаш била на границата меѓу фантазијата и реалноста.