Стефон Кари и Голден Стејт ги договориле условите за продолжување на соработката на плејот со првакот, па НБА има нов платежен рекорд. Имено Вориорси се обврзале да му платат на својот играч 201 милион долари за пет години што е најголемата сума дадена во историјата на лигата.
Инаку овој рекорд ќе паднеше и без Кари зошто Клиперси обидувајќи се да го задржат Блејк Грифин му понудиле на крилото 173 милиони долари за истиот период.




