Стефковски: Проектот на Владата за финансирање на општините значи нивен брз развој

Проектот за финансирање на општините е многу битен проект реализиран од страна на Владата, за директно финансирање на општините со цел реализација на инфраструктурата изјави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски во Тема на денот на Сител Телевизија.



„Овој проект ќе значи брз развој на општините во насока на рамномерен регионален развој и како општина во изминатиов период се подготвувавме со проектна документација за аплицирање на овој повик добивме 184 милиони денари односно 3 милиони евра согласно методологијата на Владата и министерството за локална самоуправа , 44 евра по глава на жител“, рече Стефковски.

Тој посочи дека Општина Гази Баба аплицирала со 4 проекти и додаде:

„Аплициравме со 4 проекти со изградба на нова детска градинка во населеното место Инџиково , комплетна реконструкција на домот за култура во Ченто, изградба на нова спортска сала во населеното место Црешево, и изградба на улица помеѓу Маџари и Кирамидница , кој што ќе биде предуслов за изградба на нова детска градинка во 2025 година. Сите четири проекти позитивно ни поминаа во комисијата за евалуација и веќе ги потпишавме договорите со ресорните министерства“, истакна Стефковски.