Актуелниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски е во убедливо водство по нешто повеќе од половина од преброените гласови, но во главниот град најверојатно ќе има втор круг од локалните избори. Трајановски има 52 насто гласови, а кандидатот на СДСМ, Петар Шилегов само 38 насто.

Во Кратово пак, засега во предност е СДСМ со 49 отсто гласови наспроти 46 проценти на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ во чија коалиција е Социјалистичката партија на Љубисав Иванов.
Повеќе под две децении, независно со која коалиција оделе на избори, Социјалистите ја освојувале локалната власт во Кратово.





