Рози Хантингтон-Вители (30) се пофали на нејзиниот профил на Instagram со слика од венчален прстен. Фановите веднаш заклучија дека британскиот модел тајно се омажила за актерот Џејсон Стетам (50).

Вредноста на прстенот се проценува на 243.000 фунти.

Двојката се вери во јануари 2016 година на одмор во Тајланд по шест години врска. Пред три месеци, станаа родители на малиот Џек Оскар.




